Следи нѐ
To Top

СТАРТАП ВИКЕНД ВО СКОПЈЕ: Тридневен настан за промоција на иновативни идеи

Startup Weekend Skopje ќе се одржи од 28-30 октомври 2016, во Hub Skopje во Скопје, кој нуди одлични простории, под менторство на експерти и интересни награди за победниците.

Во тридневниот настан учесниците ќе имаат можност да ги презентираат нивните иновативни идеи, да состават тим и добијат интересни награди, вклучувајќи можност за финансирање од најдобрите бизнис акселератори во Македонија и пошироко.

Учесниците ќе добијат единствена шанса да бидат обучени од најдобрите претприемачи, маркетинг експерти, стартап ветерани и бизнис програмери за тоа како најдобро, брзо и ефективно да ги претстават своите идеи на инвеститори и клиенти, како и од едноставна едеја да создадат успешен бизнис.

Овојпат, Startup Weekend Skopje ќе биде организиран во Impact Hub Skopje. Ветуваме многу интересни гости од Македонија и од странство кои ќе ја збогатат листата на експерти која досега ја имаме.

Доколку сакате да го поддржите настанот и да бидете дел од него како партнер или спонзор контактирајте не на нашите социјални канали.

Early bird картите по една од 10 евра, се веќе во продажба и истите може да ги купите на: http://bit.ly/swearlybirds

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Creative

error: Содржината е заштитена со авторски права.