Поврзи се со нас

Популарно.мк

Хејли Болдвин треба да плати 150.000 долари поради статус на Инстаграм

Сцена

Хејли Болдвин треба да плати 150.000 долари поради статус на Инстаграм

Манекенката Хејли Болдвин би можела многу скапо да го плати нејзиното мешање во јавните конфликти меѓу Софија Ричи, Џастин Бибер и Селена Гомез.

Имено, иако, како што тврди, имала најдобри намери кога на Инстаграм ја објавила пораката дека треба „сите да се сакаме и почитуваме“, Хејли, која е поранешна девојка на Бибер, „заборавила“ да напише дека тоа не е нејзина мисла.

Како што објави „Пејџ 6“, оригиналната авторка на споменатата содржина бара од Хекли отштета од 150.000 долари, затоа што не го навела нејзиното име како творец на мислата.

133354954

Мелиса Моломо поднесе тужба против Болдвин, затоа што манекенката употребила цитат од нејзината книга „Say What’s Real“, а тоа не го навела јасно. Авторката исто така, бара и јавно извинување од манекенката.

– Копирајќи и користејќи зборови на госпоѓа Моломо без дозвола, вие ги преземавте заслугите и предизвикавте забкуда околу тоа чие е тоа дело, стои во тужбата, а Моломо бара од Хејли и да и се извини на Инстаграм.

Во меѓувреме манекенката го избриша постот, но „Пејџ 6“ има снимка од содржина на која јасно се гледа коменатарот на Мелиса Молом со кој бара да биде посочена како автор на мислата.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.