Поврзи се со нас

Популарно.мк

„Шарената револуција“ во понеделник повторно на улица

Актуелно

„Шарената револуција“ во понеделник повторно на улица

Шарената револуција повторно се враќа на улица, овојпат во поддршка за Специјалното јавно обвинителство бидејќи, како што велат, СЈО повторно е под канонада на режимските гласноговорници.

Во соопштението, меѓу другото, се вели дека во изминатиот период медиумите, како што се наведува, „под контрола на обвинетиот Груевски можеме да забележиме вистински линч и пропаганда против Катица Јанева и целото СЈО“.

– „Истовремено, власта со кој се уште управува обвинетиот Груевски ја користи секоја прилика за да ја блокира работата на оваа институција“, се наведува во соопштението во кое се додава и дека Уставниот суд се уште нема закажано седница на која ќе се разгледува Иницијативата за уставноста на СЈО и оти пратениците од ВМРО ДПМНЕ одбиваат да ги донесат потребните законски измени за заштита на сведоци и свиркачи, како и да го продолжат рокот за работење на СЈО.

Протестот е закажан за понеделник, во 17 часот, пред Собранието на Македонија.

Инаку, за време на протестите на „Шарената револуција“ во знак на револт со балони со боја беа обоени институциите и објектите од Скопје 2014.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.