Следи нѐ
To Top

ЕДЕН ДЕН ПО ОБЈАВАТА ЗА РАЗВОДОТ: Бред Пит под истрага во ФБИ

Еден ден откако американската полиција демантираше дека води истрага против Бред Пит, синоќа американското Федерално истражно биро (ФБИ) во официјално соопштение призна дека сепак се разгледува случај поврзан со актерот. 

Станува збор за случај поврзан со наводна жестока расправија помеѓу Пит и неговиот 15-годишен посвоен син Медокс за време на лет во нивниот приватен авион. Тоа, повторно – наводно, ја прелило чашата кај неговата сопруга Анџелина Џоли.

– Во врска со вашето прашање за надлежностите на ФБИ околу приватниот авион, што го превезувал господин Бред Пит и неговите деца, ФБИ и натаму прибира факти и допрва ќе следи проценката дали за овој случај е потребна истрага, соопшти претставник на Бирото за „Дејли Меил“.

Претходно, таблоидите пишуваа дека глумецот е под истрага во Полицискиот оддел во Лос Анџелес, но оттаму изјавија дека тие не се надлежни за инцидентите кои се случуваат во приватнте авиони.

Во меѓувреме, очевидци сведочат дека забележале полициско возило во дворот на вилата на Пит и Џоли во Холивуд Хилс, во која моментно престојува само Пит, додека пак, наводно, глумицата се отселила заедно со нивните деца.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.