Следи нѐ
To Top

Погледнете кој ќе настапува на овогодинешниот Вино Скоп

Уште една недела не дели од почетокот на реномираниот вински фестивал, Вино Скоп 2016. Локацијата е традиционално на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, онаму каде што фестивалот започна пред десет години.

Во текот на деценијата, од 2006 година па досега, на Вино Скоп настапија речиси сите големи македонски музички великани, како и голем број музички гости од странство.

Оваа година за јубилејното издание, Вино Скоп 2016 е повторно промотер на убавата македонска песна и програмата е составена од најголем број македонски музичари, како и дел гости од соседните држави. Ќе слушнеме рок, фолк, етно, танго, ирска музика, поп, евергрини, шлагери, светски хитови.

programa

За убава атмосфера ќе се погрижат Куку Леле, Владо Јаневски, Ефто Пупиновски,Амадеус Бенд, Ристо Самарџиев, Ортодокс Келтс, Џафер и пријателите, Трибјут то Екв , Јаков Дренковски, Миле Кузмановски, , Чил Плеј, Александар Тарабунов, Хитхат блуз трио, Роверс Хенговер, Брас Брадрс и многу други. Преку ден посетителите ќе ги забавуваат диџеи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.