Следи нѐ
To Top

ЧЕСТИТКИ: Адам Левин и Беати Принсло станаа родители на девојче

Дваесетиседумгодишниот ангел на Викторија Сикрет Беати Принсло и фронтменот на групата „Maroon 5“, Адам Левин, станаа горди родители на девојче, на кое и дадоа име Дасти Лав.

Славниот татко веднаш го откажа концертот на неговата група во Хартфорд, а пред некој ден, убавата Беати објави убава црно-бела слика, од која се гледаше дека убавицата мора да се породи секој момент.

Двојката е во врска од 2012 година, по што на кратко раскинаа, но брзо „беше решен“ проблемот. Во јули 2013 година Адам клекна на колена иако претходно истакнуваше дека никогаш нема да се жени.

adam-levine1

Музичарот, освен големата љубов кон тетоважите и музиката, има љубов и кон жените, а во неговиот кревет биле голем број славни убавици, вклучувајќи и некои колешки на Беати, кои ги изневерувал или ги оставал преку пораки.

Но, како што призна самиот, Беати во целост го променила, а судбинското „да“ двојката го изрече во 2014 година во Мексико.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.