Следи нѐ
To Top

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: По студеното утро – сончев ден

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до девет, а дневната од 19 до 26 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Следува период на сончево време со мала до умерена облачност и со студени утра. Максималната температура на воздухот ќе биде без некои позначителни промени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.