Следи нѐ
To Top

Македонки го означија стартот на музичкото шоу „Пинк ѕвездички“ (ВИДЕО)

Вечерва на Сител телевизија со почеток во 21 часот започнува новата сезона од регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички”, пишува ТВ Пакет.

На самиот старт на отворањето на новата сезона ќе настапи македонска кандидатка. Се работи за 12-годишната Александра Трајческа од Прилеп која ќе се претстави со „Like I’m gonna lose you“ од Меган Трејнор. Нашата слатка и талентирана ѕвездичка, по примерот на минатогодишните наши кандидатки, ќе ја воодушеви жири комисијата.

Ќе се согласиме со коментарот на Јелена по нејзиниот настап дека Александра е толку многу мила, убавка и дека сето тоа што го пее звучи мило и на своето вистинско место. На Сале Тропико, нашето девојче му ја пренесе целата својата енергија и ритмот на песната, гестовите и настапот.

– Гласот кој го слушнав е како пред мене да е цртаната Ѕвончица. Сето тоа мило пеење и милување на мелодијата звучи ултрапрофесионално. Ти веќе имаш свој некој стил, свој фазон и тоа вреди повторно да се чуе и види и понатаму во шоуто. – беше коментарот на Леонтина.

И Македонката Мина Блажев, се пријавила на „Ѕвездичките на Пинк“, за да го покаже својот талент.

Мина има 13 години и е од Скопје. Таа ја отпеа песната на Џејмс Браун „It’s a man’s man’s world“.

Таа ги доби сите пет гласа од членовите на жирито.

 

Па почитувани гледачи и читатели, по првиот настап сме убедени дека следниве месеци ќе има за кого да пишуваме и кого да фаворизираме.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.