Следи нѐ
To Top

Бекстејџ на тв екраните и со вечерно издание

Тимот на естрадниот магазин Бекстејџ, кој што од 1-ви јануари годинава се емитува на фреквенцијата на ТВ Алфа, ги исполнува ветувањата. Од денес, на истата оваа фреквенција и „Backstage Night“. Екипата останува иста, но приказните поинакви. Македонскиот Супербренд со две дневни изданија!

– „Досега беше вистински предизвик да се работи на овој стандардниов Бекстејџ. Отсега ќе биде далеку повеќе од предизвик да се работат две различни емисии кои што ги спојува само едно име. Во време кога не се случува апсолутно ништо на македонската естрада, кога е забранета македонската музика…ние одлучивме да стартуваме со она што го најавивме пред неколку месеци. Backstage Night ќе биде едно убаво продолжување на стандардниот Бекстејџ. Со оглед на тоа дека сегашниот термин, 16.30 е време кога пред малите екрани е публика од сите генерации, се воздржувавме од провокации. Сега имаме цел еден термин за тоа. 23.30 е време кога на Алфа ќе оди нов Бекстејџ.” – вели одговорната уредничка на Бекстејџ, Јулија Цветковска.

Според некои нивни пресметки, целокупната програма која што на дневна база ќе излегува од кујната на Бекстејџ Медија е 40 минути. На овие 40 минути ќе работи стандардниот тим составен од 4 новинарки: Николина Славковска, Елеонора Лозналиева, Ева Јакимовска и Даница Караташова, две водителки: Миа Костова и Мартина Михајловска, двајца монтажери: Марио Наумовски и Андреј Игњатовски и двајца сниматели: Дејан Дојчиновски и Владимир Стојановски.

Естрадниот магазин Бекстејџ, е единствениот концепт од ваков вид кој што две години по ред е прогласуван за Супербренд на Македонија.

Во македонскиот медиумски простор е веќе осма година по ред. Веќе 4 години, во рамките на својот роденден ја организираат манифестацијата “Успех” преку која досега го вреднуваа и наградуваа успехот на повеќе од 100 успешни лица во Македонија и регионот, почнувајќи од музичари завршувајќи до спортисти, актери, институции и сл.

На списокот на наградуваните во кампањата “Успех” само досега се запишаа личности како: Есма Реџепова Теодосиевска, Сека Саблиќ, Лане Гутовиќ, Светозар Цветковиќ, Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Лино Червар, САРС, Петар Грашо, Тони Цетински, Маја Оџаклијевска, Фламингоси…и многу други.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.