Следи нѐ
To Top

Македонскиот филм „Ослободување на Скопје“ ќе се бори за „оскар“

Филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија ќе биде македонски кандидат за наградата „оскар“ од неанглиско говорно подрачје.

Ова денеска го одлучи комисија од членови на Друштвото на филмските работници, предводени од Лабина Митевска, како претседател.

Членови на комисијата се: Наум Доксевски, директор на фотографија, Дејан Дуковски, сценарист, Петар Богоевски, гафер, Роберт Јазаџиски, продуцент, Мето Јоваовски, актер и Игор Василев-Новоградска, композитор. Според извештајот од ДФРМ, тие со мнозинство гласови го избрале филмот „Ослободување на Скопје“ во трката за големата награда.

Филмот ја имаше светската премиера на Сараевскиот филмски фестивал, а македонската премиера му беше на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Скопската премиера ќе биде на 1 октомври, во киното „Милениум“. Филмот веќе се прикажува во „Синеплекс“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.