Следи нѐ
To Top

ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ПРИЧИНИ: Вино Скоп се сели од плоштад на платото пред МОБ

Вино Скоп 2016 започнува во среда, 28 септември во центарот на град Скопје, но со нова локација. Поради технички причини, фестивалот е поместен на платото пред Македонска Опера и Балет, односно плоштадот „Мајка Тереза“, одлична нова локација веднаш до реката Вардар.

Вино Скоп ќе биде отворен за посетители од 12:00, а ќе трае се до доцните вечерни часови. „Вино Скоп“ оваа година одбележува јубилеј- Десет години најомилена скопска есенска приказна.

Пет фестивалски денови, посетителите ќе може да дегустираат вино од десет најдобри македонски винарии, како и вински коктели- сангрија и вино мохито. Покрај виното,ќе има македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомеснати производи. Музичката програма е шаренолика: џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно, шлагери.

Веднаш до плоштадот „Мајка Тереза“ има неколку паркинзи каде што може да паркираат оние кои што ќе доаѓаат со возила, но секако препорачуваме сите кои што планираат да конзумираат алкохол да не возат, туку да користат јавен превоз или такси.

Влезот на фестивалот како и секоја година е бесплатен.

„Вино Скоп“ оваа година одбележува јубилеј- Десет години најомилена скопска есенска приказна.

„Дојдете да украдеме по некој миг, да вкусиме добро вино, да ја продолжиме традицијата. Да го доживееме модерното со дамки од богатата историја, сплотено во автентичниот свет на виното. Одберете го вашето омилено вино и кренете ги чашите да наздравиме, еднаш за нас, еднаш за Скопје!“

Вино Скоп 2016- Бидете дел од една поинаква есенска приказна!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.