Поврзи се со нас

Популарно.мк

Највисокиот стаклен мост во светот повторно отворен

Занимливости

Највисокиот стаклен мост во светот повторно отворен

Стаклениот мост во Кина повторно ќе биде отворен, а кинеските официјални претставници велат дека со структурата нема никакви проблеми.

Највисокиот и најдолгиот мост со стаклено дно во светот се простира на должина од 430 метри преку Големиот кањон Џанцјаце во провинцијата Хунан и има поглед, кој го одзема здивот од височина од 300 метри.

Мостот беше отворен во август и многу брзо го привлече интересот за посетите, кои беа десет пати поглеми од проценетиот капацитет со носивост од осум илјади луѓе дневно.

Затрупана со луѓе, атракцијата мораше да се затвори 13 дена по отворањето, оставајќи во воздухот многу прашања за безбедноста на мостот, иако ниту еден инцидент не беше пријавен.

Кинеските официјални лица сега изјавија дека мостот е подготвен за повторно отворање и дека не постои ниту еден проблем.

Лу Кевин, портпарол на менаџерскиот комитет на мостот рече дека мостот бил затворен поради надградба на објектот и дека е подготвен за прием на посетителите кои учествуваат на интернационалната продажна конференција, како и на меѓународниот туристички фестивал кој наскоро почнува во Џанцјаце.

Тој објаснува дека голем број посетители и возила ги отежнуваат работите за надградба на мостот, вклучувајќи го уредувањето и проширувањето на паркингот и другите објекти.

Онлајн резервациите за посета на мостот исто така се реорганизирани. Сега билетите се ограничени на илјада на час со цел да се избегне метежот и долгите редици.

Мостот е поплочен со 99 панели на трикратен слој од проѕирно стакло и е поставен меѓу две стрмни карпи 300 метри над кањонот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.