Следи нѐ
To Top

Дали има услови за живот на јупитеровата „Европа“?

Вчеравечер НАСА ги презентирашe најновите податоци и истражувања што се направени врз сателитот на Јупитер „Европа“.

Иако со сигурност никој не може  100% да ги потврди наодите, сепак тимот смета дека во внатрешноста на оваа месечина на Јупитер повремено се појавуваат ерупции кои исфрлаат пареа во атмосферата за која податоците укажуваат дека е водена пареа што доаѓа од длабочините на месечината која има замрзната површина.

Научниците веруваат дека под замрзнатата површина на Европа постои огромен океан од вода во течна состојба што го прави ова место едно од ретките во нашиот сончев систем со потенцијал за пронаоѓање на некоја форма вонземски живот.

Комплетните истражувања на тимот научници на НАСА ќе можете да ги најдете во најновата публикација на научното списание „Astrophysical Journal“ кое ќе излезе на 29 септември.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Creative

error: Содржината е заштитена со авторски права.