Следи нѐ
To Top

ДА ГИ ПОДДРЖИМЕ МЛАДИТЕ ФУДБАЛЕРИ: Историски натпревар на 11 октомври, во 18:45 на арената Филип Втори

Нека грми на нашиот најголем стадион. Да ги поддржиме нашите фудбалски бисери, во пресудниот натпревар за најголем успех на македонскиот фудбал. 11 октомври, нека биде запишан и како ден кога Mакедонија оствари пласман на едно Европско фудбалско првенство за млади.

Талентираната млада фудбалска репрезентација до 21 година, својот последен меч од квалификациите за пласман на ЕП 2017 во Полска, ќе го одиграат на 11 октомври. Овој празничен ден за нашата држава, се надеваме дека ќе биде и фудбалски празник, а избраниците на Благоја Милевски ќе не израдуваат со триумф против селекцијата на Шкотска.

Натпреварот ќе се игра на арената „Филип Втори“, во 18 и 45 часот, кога во исто време ќе се игра и мечот Исланд – Украина, кој исто така е мошне важен за конечниот пласман на табелата.

Овие фудбалери играат со срце, но и многу смирено, органиизрано и паметно. 5 победи, 2 нерешени натпревари и само еден пораз на стартот од квалификациите, е нешто поради што овие фудбалерите заслужуваат голем респект! 90% од овие фудбалери не се стандардни во своите клубови. Освен Барди, Маркоски и Радески, другите немаат стандардна минутажа. Но сите тие играат рамо до рамо со најдобрите во Европа, како Французите кои во моментот вредат милиони евра. Веруваме дека нашите фудбалери ќе го задржат нивото и на мечот со Шкотска, и ќе продолжат да го живеаат својот фудбалски сон. А публиката во што поголем број треба да ги награди со аплауз и да биде силна поддршка. Цената на билетите се симболични 100 и 50 денари.

Претходно, на арената „Филип Втори“, на 6.октомври и на 9.октомври, А-репрезентацијата на Македонија ќе игра против Израел и против Италија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Спорт

error: Содржината е заштитена со авторски права.