Следи нѐ
To Top

Роби со кратко видео го најави новиот албум (ВИДЕО)

„Heavy Entertainment Show“ e имеto на новиот албум на Роби Вилијамс, што англискиот поп пејач ќе го објави на 4 ноември. Албумот е сработен во соработка со Ед Ширан и Брендон Флауерс, пејачот на „Килерс“.

Албумот, прв после Swing Both Ways од 2013 година, ќе содржи и дуети со американските кантавтори Руфус Вејнрајт (песната Hotel Crazy) и Џон Грант (песната I Don’t Want to Hurt You).

Насловната песна – Heavy Entertainment Show- веќе има и придружен спот, а неговата верзија од 40 секунди служи како трејлер со кој се најавува ново издание на Роби.

Песната може да се преземе од интернет.

Тоа ќе биде 11-ти студиски албум на славниот пејач од Стоук, а 19-то издание ако се земат предвид сите компилации и живи снимки.

– Ме инспирираше фразата „лесна забава“ – сите големи телевизиски шоу-програми од времето кога бев дете, а ги гледале по 30 милион луѓе, биле големи доживувања наречени „лесна забава“, објасни Вилијамс зошта му дал такво име на новото издание.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.