Следи нѐ
To Top

Се отвори „Парк“ – нов луксузен хотел во центарот на главниот град (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Главниот град добива ново уникатно монденско одбележје. Сместен во срцето на Скопје, од денес новиот Парк Хотел и Спа ги отвора вратите за сите со префинет вкус и желба за уникатни искуства. Парк хотелот е единствен луксузен хотел во земјава кој е уреден со внимателни уникатни дизајнерски решенија кои се посебно осмислени за секој квадрат од хотелот.

Парк Хотел и Спа-Скопје е најновата инвестиција на домашната компанија Гемак трејд која годинава одбележува 25 години од своето основање и успешно работење во Македонија и регионот. Вкупната инвестиција во изградба на хотелот и хотелскиот комплекс изнесува околу 15 милиони евра.

Локацијата на Парк Хотел и Спа е дополнителен адут. Сместен е во градскиот парк во Скопје, до брегот на реката Вардар, со што на посетителите им овозможува да бидат опкружени во природна средина, а сепак да се блиску до центарот на градот. Оваа локација има и посебна симболика за сопственикот на Гемак, Енвер Малиќи.

<
>

– „Кога имав само 8 години моите постари браќа ме фрлија во Вардар иако не знаев да пливам. Успеав да се извлечам и научив една животна лекција која подоцна ме следеше во животот и го одреди мојот пат. Со силна волја и решителност секој може да се снајде и во најтешки ситуации и да го најде излезот. Оваа девиза ја примнувам во моето работење и е дел од успехот на мојата компанија, која еве сега прославува 25 години. Токму затоа хотелот е еден симбол на успехот и новата додадена вредност на Гемак“, вели Малиќи.

Новиот Парк Хотел и Спа-Скопје располага со 80 луксузно уредени соби, кои се опремени со уникатни содржини. Неговиот урбан и уметнички ентериер кои зрачи со автентичен дух и нуди неповторлив амбиент за дружење и престој.

Покрај врвниот луксузен амбиент, за гостите на Парк Хотел и Спа ќе се грижи искусна екипа предводена од директорот на хотелот Џордано Бори, кој има огромно хотелиерско искуство во супер луксузни хотели во светот.

Хотелот освен својот уникатен лукузен изглед и можностите што ги нуди за сите гости, располага и со најмодерен спа центар и фитнес сала. Токму фитнес центарот кој е во моментот најголем и располага со најнова опрема, заедно со спа центарот и барот се содржини што ќе го направат Парк Хотел и Спа посакувано место и за луѓето од Скопје. Со фитнес центарот ќе раководи познатиот македонски репрезентативец и шампион во триатлон Стојан Попов, кој ќе биде инструктор на сите љубители на здравиот живот.

За врвната храна за сите сетила, ќе се погрижи еден од најдобрите светски готвачи, мастер шефот Константин Катафај кој поминал повеќе светски школи за готвење, меѓу кои и познатата Лондонска школа за кулинарство.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ви препорачуваме

error: Содржината е заштитена со авторски права.