Следи нѐ
To Top

Во Скопје вчера 12 сообраќајки,повредени 8 лица

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 12 сообраќајни несреќи, во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.

Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Санкционирани се двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор и 18 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Затекнати се и 42 непрописно паркирани возила и 14 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 56 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Денеска Одделението за превенција  при СВР Скопје, со почеток во 19:00 часот во просториите на ПСОН Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат  граѓани  учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Димитар Македонски“ со учениците од четврто одделение, кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.