Следи нѐ
To Top

ТВ ПАКЕТ: Од сабота забранети музичките програми на Пинк и Гранд во Македонија

Од сабота, 1 октомври на сила стапува одлуката на ЗАМП за забрането емитување и на српска музика во македонскиот медиумски етер, пишува телевизискиот портал ТВ ПАКЕТ.

Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП), на барање на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, од 1 октомври им забранува јавно емитување на музика од репертоарот на СОКОЈ на сите радио и телевизиски станици на територија на Македонија.

– „Како што стои во известувањето на СОКОЈ, причините за донесување на одлуката за забрана за користење на репертоарот на СОКОЈ произлегува од фактот дека со издадената дозвола од Министерството за култура на РМ на организацијата СОКОМ МАП и предложениот од нивна страна Правилник со тарифа за користење на авторски музички дела е направено намалување за 50% во однос на јавното соопштување на авторските музички дела, споредено со предлогот на ЗАМП, а пак во делот на емитување и реемитување предлогот е за околу 100% понизок“, стои во соопштението на ЗАМП.

zabranapinkgrand2

Тоа значи дека на радио и телевизија, покрај македонска музика, од сабота нема да смее да се слуша и гледа ниту српска музика. Музичките талент шоуа кои доаѓаат од соседството нема да смеат да се емитуваат. Гледачите по оваа одлука, ќе останат без турбо фолк шоуто “Ѕвездите на Гранд”, омиленото семејно шоу “Пинкови ѕвездички”, а како и новите сезони на “Пинк ѕвезди”, “Гранд ѕвездички” и “Никогаш не е доцна”, кои со емитување во Србија започнуваат викендов.

Сител телевизија ги тргна од програма српските емисии, но Канал 5 на големо ги најавува.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.