Следи нѐ
To Top

Хитовите на Deep Purple на 5-ти ноември ќе се пеат во Скопје

Рок легендата Ian Gillan- еден од сигурно највпечатливите светски вокали на сите времиња доаѓа со уникатен концерт – со песни од Deep Purple, придружуван од бендот на Don Airey и Македонската филхармонија, под диригентство на Stephen Bentley- Klein, на 5-ти ноември во ВИП Арената во Скопје.

„Smoke On The Water“, „Black Night“ и „Perfect Strangers“.. се само дел од легендарните нумери кои ќе прозвучат пред македонската публика.

Талентираниот Gillan е роден во Хаунслоу, Англија. Уникатниот вокал на овој артист уште од самиот почеток е негов заштитен знак. На почетокот од музичката кариера, Gillan бил под влијание на Elvis Presley, Little Richard, Buddy Holly и други музичари од тој период.

ian-gillan-b1

Во далечната 1965 година Gillan станува член на групата Episode Six, каде го запознава Roger Glover. Оттогаш почнува да го учи музичкиот занает и настапувал со по пет концери во една ноќ, а по осум за викендите.

Во 1969 година, Ian Gillan станува член на Deep Purple, во период кога оваа група го почнува својот најуспешен период.

Gillan е познат и по улогата на Исус Христос во „Jesus Chhrist Superstar“, која е оригинално снимена во Лондон. Имал турнеи на дотогаш непознати територии. Исто така, Gillan ја толкувал улогата на Charles Darwin во проектот на Bolland&Bolland со наслов „Darwin- The Evolution“. Рок легендата има два пати настапувано во дует со големиот Ludiano Pavarotti во познатата арија „Nessun Dorma“.

Имено, Ian Gillan се` уште активно настапува и распродава концерти насекаде во светот. Само минатата година тој настапи во 48 земји- со Deep Purple и како соло изведувач. Македонија ќе има навистина една и единствена шанса да го види легендарниот Ian Gillan во Скопје. Специјални гости на овој концерт ќе бидат Papa Le Gal.

Со овој концерт, Авалон Продукција едноставно сака да им излезе во пресрет на сите оние кои што во изминативе неколку месеци чекаа и бараа од нас класичен рок концерт.

Билетите можете да ги набавите на сите продажни места на Купи Карти За Се, како и онлајн на www.kupikartizase.com, по цени од: 600 денари (трибини), 800 денари (Golden Seats партер и трибини) и 1200 денари (вип)

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.