Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вера + Надеж + Љубов = Емпатија

Колумни

Вера + Надеж + Љубов = Емпатија

Кога златна рипка ќе извадиш од аквариум сакајќи да се поиграш со неа на суво, ниедно море ниту океан нема да и ја вратат виталноста ако се заиграш со неа и ја оставиш на суво, без да и дадеш вода… Без да дадеш Вера, Надеж и Љубов.

Такви се емотивните луѓе со висок степен на емпатија, редок вид во исчезнување, нив им треба малку но постојано нежност, разбирање и љубов. Само емотивните може да се надеваат, веруваат и сакаат.

Малите луѓе, нашите деца треба да ги научиме да сакаат, да им покажеме дека грижата , нежноста, разбирањето, убавиот збор се храна без која не може да пораснат во здрави луѓе кои ја почитуваат различноста. Рецепт за емпатија нема, ниту лекција, дефиниција, закон… Има религија која свето треба да се почитува, но не знае и не може секој да живее по божјите заповеди.

Солидарноста, сочувствувањата не може никој да им ги зададе за домашна, да ги научат и применат, затоа што емпатијата се стекнува во најраното детство, а се надградува низ животот. Таму каде недостасува љубов, грижа, внимание, добронамерна комуникација, се развива омраза, агресија, нетолерантност, навредливи зборови кои подоцна во животот ескалираат во злосторства. Емпатијата е универзален растворувач, ги растворува проблемите и дава соломонски решенија за сите општествени проблеми. За жал, с‛е помалку симпатично емпатични луѓе на овој нетолерантен свет.

Ако имате златна рипка, не заборавајте по играњето да ја вратите во вода и нека ни е исполнет денешниов ден, освен трите доблести може малку и кеш, а и танго ❤

Татјана Алексиќ

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.