Следи нѐ
To Top

Вера + Надеж + Љубов = Емпатија

Кога златна рипка ќе извадиш од аквариум сакајќи да се поиграш со неа на суво, ниедно море ниту океан нема да и ја вратат виталноста ако се заиграш со неа и ја оставиш на суво, без да и дадеш вода… Без да дадеш Вера, Надеж и Љубов.

Такви се емотивните луѓе со висок степен на емпатија, ретка врста во исчезнување, нив им треба малку но постојано нежност, разбирање и љубов. Само емотивните може да се надеваат, веруваат и сакаат.

Малите луѓе, нашите деца треба да ги научиме да сакаат, да им покажеме дека грижата , нежноста, разбирањето, убавиот збор се храна без која не може да пораснат во здрави луѓе кои ја почитуваат различноста. Рецепт за емпатија нема, ниту лекција, дефиниција, закон… Има религија која свето треба да се почитува, но не знае и не може секој да живее по божјите заповеди.

Солидарноста, сочувствувањата не може никој да им ги зададе за домашна, да ги научат и применат, затоа што емпатијата се стекнува во најраното детство, а се надградува низ животот. Таму каде недостасува љубов, грижа, внимание, добронамерна комуникација, се развива омраза, агресија, нетолерантност, навредливи зборови кои подоцна во животот ескалираат во злосторства. Емпатијата е универзален растворувач, ги растворува проблемите и дава соломонски решенија за сите општествени проблеми. За жал, с‛е помалку симпатично емпатични луѓе на овој нетолерантен свет.

Ако имате златна рипка, не заборавајте по играњето да ја вратите во вода и нека ни е исполнет денешниов ден, освен трите доблести може малку и кеш, а и танго ❤

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција!

    Татјана Алексиќсептември 30, 2016
  • Вистината како стока…

    Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за...

    Татјана Алексиќсептември 30, 2016
  • Љ-витамин, превенција за комплекси!

    Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.

    Татјана Алексиќсептември 30, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.