Следи нѐ
To Top

Принцезата Шарлот го изговори првиот збор

Британската принцеза Шарлот вчера го изговорила првиот збор за време на семејното патување во Канада.

Како што јавија британските медиуми, принцезата го изговорила зборот „пукна“ , додека си играла со балон со нејзиниот постар брат, принцот Џорџ.

Принцот Вилијам и сопругата, војвотката Кејт од Кембриџ, со децата престојуваат во еднонеделна посета низ Канада. Ова е првпат двојката да ги носи нивните две деца, тригодишниот Џорџ и едногодишната Шарлот во официјална посета на некоја земја.

princess-charlotte-and-george1

Но, ова не е првпат за време на престојот на британското кралско семејство во Канада, некое од децата да биде во центарот на медиумските случувања.

Така, во саботата принцот Џорџ се најде на насловните страници на многу медиуми, кога занесен по хеликоптерите го игнорираше канадскиот премиерот Џастин Трудо, кој му пружи рака за да се поздрави со него.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.