Следи нѐ
To Top

ВИНОТО ЦЕЛОСНО ИСПИЕНО: Амадеус бенд го дигнаа Скопје на нозе (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Многу насмеани лица, весела атмосфера и винарии кои го потрошија целото вино е она што ја одбележа третата вечер на Вино Скоп.

Посетителите ги загреа магионичарот Кристијан со своите илузии и трикови, а потоа следуваа Минстрел Галери, Бекдор Бенд и Брас Брадерс. Крајот на вечерта со својот енергичен настап го одбележаа Амадеус Бенд.

Гостите од Србија приредија пиротехнички спектакл со огномет, како и нешто нетипично за бендовите кои не доаѓаат од Македонија. На чист македонски јазик испеаа голем број македонски евергрини, како и стари народни песни. Публиката два часа уживаше во нивниот настап кој уште долго ќе се памети.

<
>

Вечерва се очекува рекордна посетеност на фестивалот, а за расположението да биде исто како вчера ќе се погрижат Готан Проџект Танго Нуево, Чил Плеј, Роверс Хенговер, Трибјут то Екв и Куку Леле.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.