Следи нѐ
To Top

СО ЗАБРАНА ИЛИ НЕ: Канал 5 вечерва ќе ги емитува „Ѕвездите на Гранд“

Од денеска стапи во сила одлуката на ЗАМП за забрана за емитување на српска музика во македонските медиуми, пишува ТВ Пакет.

Како што веќе информиравме, ова барање доаѓа од српското здружение СОКОЈ кое бара повисоки тарифи за емитување на музика од српски автори.

Она кое го изјави Македонската медиумска асоцијација е дека за шоу програмите кои доаѓаат од соседството нема забрана за емитување. Според ММА, за талент шоуата се платени правата за емитување и дека самите продукции ги регулирале финансиите. Тоа значи дека вечерва на Канал 5 ќе гледате “Ѕвездите на Гранд” утревечер нова емисија на “Гранд Специјал”, a во понеделник нова сезона од шоуто за ветераните “Никогаш не е доцна”.

За разлика од Канал 5, Сител телевизија нема да ги емитува шоута на Пинк во својата програма.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.