Следи нѐ
To Top

УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНКА ВООДУШЕВИ: Драгана од Куманово со пет гласа во „Ѕвездички“ (ВИДЕО)

Втората емисија од новата сезона на „Пинковите ѕвездички” ја отвори десетгодишната македонска натпреварувачка Драгана од Куманово, пренесува ТВ Пакет.

Таа се претстави со песната „Проклета недеља” од Парни Ваљак при што ги доби сите пет гласа. По Мина и Александра, ова е трето девојче од Македонија кое директно се пласира во вториот круг од натпреварот.

– „Одлично почна оваа емисија, со петка. Супер ти легна оваа песна!“ – беше коментарот на Сале, на што со позитивни коментари се надоврзаа и Гоца Тржан и Сергеј Четковиќ.

– „Оваа емисија почна сјајно. Се’ се одвива спонтано, се’ е на свое место, многу добро ти е поставен гласот. Биди така слатка и позитивна како и денеска“ – искоментира Јелена.

Неизвесно е емитувањето на на оваа емисија од Ѕвездичките на Сител телевизија, поради најавата за забрана за емитување на српска музика во медиумскиот етер. Дали Сител ќе го следи примерот на Канал 5 и ќе ги емитува српските шоуа овој викенд, или тоа нема да се случи, останува да видиме.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.