Следи нѐ
To Top

Искрени или непристојни?

Изборот да се каже вистината (релативно тешка за препознавање и докажување) во име на искреноста, а фразеолошки искористена во одбрана на човек „без влакно на јазик“ , често е несреќен избор!

Кога луѓето инсистираат на сите да им кажат што мислат и ја потенцираат својата искреност, стануваат невоспитани, не ретко и дрски. Претераната искреност е егоизам затоа што најчесто повредува и остава длабоки психолошки последици. Да згрешиш е човечки и не постојат безгрешни, барем не после божественото дело на Данте Алигиери во кое патот до Рајот е од Пеколот, но преку Чистилиштето .

реклама

Но не се сите грешки со иста тежина, најголемиот грев излегува од устата, зборовите убиваат посигурно и од најсмртоносното оружје, нивната моќ е пресилна како што запишал поетот Бранко Миљковиќ „Уби ме прејака реч“. Затоа треба да се научиме на автентично извинување, а тоа е искрено каење со право на поправен.

Албер Ками, во своите филозофски размисли за егзистенцијализмот, смета дека човекот е човек според она што ќе го премолчи и во молчењето станува близок себе си и на светот. Криејќи ги своите внатрешни светови ги штити од разорноста на надворешниот свет. Молчењето е златната нишка на Аријадна со која се излегува од белосветскиот лавиринт на бесполезно дрдорење во име на вистината. Молчењето е злато во време на лажни блескаво -златни куполи и кули од карти кои ќе се урнат само со еден кец од ракав, а без зборови.

На нашата очајна политичка сцена која не вознемирува со хистерична врева, веќе е доцна за мудро молчење наспроти беспредметно дрдорење, но барем да не заборавиме дека подобро е да се каже помалку отколку премногу , како и во љубовта. За Достоевски молчењето е дар, за Толстој најдобар одговор, а нобеловецот Андриќ во молчењето гледа единствена сигурност.

Пред да се осмелите да кажете било што бројте до 100, а на саканите суштества не мора ништо да им кажете, само погледнете во нив со љубов ❤

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Понирање во женската душа

    На патот кон успехот мора да имате повеќе пријатели отколку непријатели и покрај тоа што туѓиот успех тешко се простува. Вистинскиот...

    Татјана Алексиќоктомври 2, 2016
  • Свет празник

    Човек не мора да биде прогласен за светец за да неговото дело добие гласност, гласот на светите дела е моќен колку...

    Татјана Алексиќоктомври 2, 2016
  • И бол и бес…

    Лутина и бес – основни емоции со кои растеме, зрееме и старееме, а разликата меѓу нив е што бесот поминува по...

    Татјана Алексиќоктомври 2, 2016
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.