Следи нѐ
To Top

Гледачите сепак останаа без „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинковите ѕвездички“

Како што пишува телевизискиот портал ТВ Пакет, од вчера стапи во сила одлуката на ЗАМП за забрана за емитување на српска музика во македонските медиуми. Како што веќе информиравме, ова барање доаѓа од српското здружение СОКОЈ кое бара повисоки тарифи за емитување на музика од српски автори.

Она кое го изјави Македонската медиумска асоцијација е дека за шоу програмите кои доаѓаат од соседството нема забрана за емитување. Според ММА, за талент шоуата се платени правата за емитување и според нив, самите продукции ги регулирале финансиите.

Меѓутоа и покрај тоа, сепак Канал 5 телевизија не ја пушти во етер најновата емисија на Гранд. „Ѕвездите на Гранд”, како и другите емисии од Гранд продукција кои минатава недела беа постојано најавувани на Канал 5, на крајот сепак нема да се емитуваат.

И Сител останува до наредбата, нема ни Пинк ѕвезди, ни Пинк ѕвездички. Наместо српските шоуа, Сител емитува премиерна програма, додека пак Канал 5 дава репризи на веќе емитувана турска серија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.