

Пред да започнеме со колонизација на Марс, ајде да ја прославиме Светската недела посветена на вселената, овде, на Земјата.
Светската недела посветена на вселената е интернационален настан кој се одржува од 4-ти до 10-ти октомври во повеќе од 73 земји низ светот и вклучува речиси 1800 различни настани. Целта е да се даде акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на претходната година.
Овие датуми одбележуваат два настани:
– 4 октомври 1957: Лансирање на првиот сателит Спутник 1, со што се отвора патот за истражување на вселената.
–10 октомври 1967: Потпишувањето на Договорот за принципи и активности на државите вклучени во истражување и соодветна употреба на вселената, вклучувајќи ја и Месечината и другите небесни тела.
Ги повикуваме сите заинтересирани да ни се придружат и заедно да се информираме, едуцираме и ja одбележиме Светската недела посветена на вселената преку низа настани.