Следи нѐ
To Top

Дваесет и една година од атентатот на поранешниот претседател Глигоров

На денешен ден пред 21 година беше извршен неуспешен атентат врз поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров.

Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди на главата. Во атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден и телохранителот Илчо Теовски.

Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје.

Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.