Следи нѐ
To Top

Македонија ќе ја одбележи Светската недела на вселената

Пред да започнеме со колонизација на Марс, ајде да ја прославиме Светската недела посветена на вселената, овде, на Земјата.

Светската недела посветена на вселената е интернационален настан кој се одржува од 4-ти до 10-ти октомври во повеќе од 73 земји низ светот и вклучува речиси 1800 различни настани. Целта е да се даде акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на претходната година.

Овие датуми одбележуваат два настани:

4 октомври 1957: Лансирање на првиот сателит Спутник 1, со што се отвора патот за истражување на вселената.

10 октомври 1967: Потпишувањето на Договорот за принципи и активности на државите вклучени во истражување и соодветна употреба на вселената, вклучувајќи ја и Месечината и другите небесни тела.

Ги повикуваме сите заинтересирани да ни се придружат и заедно да се информираме, едуцираме и ja одбележиме Светската недела посветена на вселената преку низа настани.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Creative

error: Содржината е заштитена со авторски права.