Следи нѐ
To Top

Претпладне сончево и топло – попладне засилен северен ветер

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, особено во северните делови. Потоа ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен, а во вечерните часови на места и засилен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 5 до 11, а максималната од 22 до 29 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд, потоа сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер, а во вечерните часови и засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 26 степени.

Утре кон крајот на денот со засилен северен ветер ќе има спуштање на студена воздушна маса од север што ќе услови во наредните денови значителен пад на температурата ба воздухот и за околу 15 степени.

Во вторник времето да биде променливо облачно, ветровито и постудено со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Максималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени.

Променливо облачно, студено и ветровито, но претежно суво ќе биде во среда, кога дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во четврток ќе настапи разведрување, па утринската температура ќе се спушти од 0 до 7, а во петок од -2 до 5 степени. Од четврток дневните температури ќе бидат во постепен благ пораст.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.