Поврзи се со нас

Популарно.мк

Деветто „Ѕвездено небо на Тоше“

МК Сцена

Деветто „Ѕвездено небо на Тоше“

На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечер од 20 часот ќе се одржи деветтата манифестација „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ која ја организира фан-клубот на Тоше. 

Манифестацијата се одржува од 2008 година во чест и сеќавање на последниот концерт на македонската музичка легенда Тоше Проески (1981-2007) и оттогаш секоја година на овој датум на плоштадот во главниот град се пеат неговите песни.

На 5 октомври 2007 година Тоше го одржа последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје, кој беше хуманитарен и во соработка со УСАИД наменет за подобрување на условите во училиштата.

На тој концерт Тоше го промовираше и последниот албум „Игри без граници“. По 11 дена, утрото на 16 октомври 2007, Тоше загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска, на 26-годишна возраст.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.