Поврзи се со нас

Популарно.мк

Почнува продажбата на билетите за Монти Пајтон Спамалот

МК Сцена

Почнува продажбата на билетите за Монти Пајтон Спамалот

Еден од најпопуларните Бродвејски мјузикли, Монти Пајтоновиот „Спамалот“, базиран на филмот „Монти Пајтон и Светиот Грал“, за прв пат стигнува и пред македонската публика.

Популарниот мјузикл ќе биде одигран во Скопје, на 27 ноември, во реновираната сала на Македонска Опера и Балет. Продажбата на влезници за овој ексклузивен настан во рамки на Таксират фестивал, почнува од 7-ми октомври (петок), преку продажната прежа на МКтикетс. Билетите ќе бидат достапни само во ограничен број и со цена од 1200 денари.

Судејќи по огромниот интерес на публиката кај нас и тоа само по првото најавување на настанот, ве советуваме што поскоро да го обезбедите вашиот билет.

Мјузиклот „Спамалот“ во Скопје доаѓа со импресивна актерска и танчерска екипа, во досега невиден состав. Токму за овој мјузикл, српската актерска легенда Никола Којо по 20 години се враќа под театарското светло преку ликот на Крал Артур, а со него на сцената брилираат и Никола Ѓуричко, Срѓан Тимарев, Гордан Кичиќ, Дејан Луткиќ, Мирољуб Турајлија, Иван Марковиќ и славната Јелена Јовичиќ која неодамна со главната улога во мјузиклот „Мама Миа“ ја восхити и македонската публика. Како режисер на мјузиклот се потпишува Радослав – Рале Миленковиќ.

unnamed

– Проектот „Спамалот“ е единствен музичко-сценски спектакл кој по прв пат на овие простори, на публиката и овозможува да ужива во врвната светска продукција. Собравме екипа од повеќе од 100 луѓекои го чинат актерскиот, балетскиот, хорскиот и оркестарскиот ансамбл, како и поголем број на надворешни соработници од областа на уметничките и сценските активности. Овој мјузикл е одлична прилика за сите љубители на Монти Пајтон и добриот хумор да дојдат и заедно со нас да уживаат во светски познатиот музичко-сценски спектакл. – изјавуваат од Proscenium Productions, во чија продукција е овој мјузикл.

Оригиналната Бродвејска продукција е направена во 2005 година, кога и „Спамалот“ веднаш ја доби „Тони“ наградата за најдобар мјузикл, како и уште две „Тони“ награди, Сара Рамирез за улогата на Дамата од Езерото и Мајкл Николс за најдобра режија на мјузикл. На тоа доделување, „Спамалот“ беше номиниран за вкупно 14 „Тони“ награди. За време на скоро пет години театарски живот на Бродвеј, претставата е изведена повеќе од 1.500 пати, ја погледнале повеќе од 2 милиони луѓе во 25 држави.

Приказната е базирана на книгата на Ерик Ајдл, оригиналниот член на групата Монти Пајтон, а која има своја основа во сценариото за филмот Монти Пајтон и Светиот Грал. Композитори на музиката се Џон Дупре и Ерик Ајдл.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...
Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.