Поврзи се со нас

Популарно.мк

Пораз на Македонија во дуелот со Израел

Спорт

Пораз на Македонија во дуелот со Израел

Фудбалската репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз во квалификациите за Светското првенство 2018 година во Русија.

На средбата од Д групата одиграна синоќа на арената „Филип Втори“ во Скопје, македонските фудбалери загубија од Израел со 2:1.

Иако беа подобар противник речиси во текот на целиот меч, создавајќи бројни шанси за гол, сепак македонските фудбалери на крајот мораа да подадат рака на противникот.

Во првиот дел капитенот Горан Пандев имаше две идеални можност да ја доведе Македонија во водство, а своја шанса имаше и Илија Несторовски, но мрежата на израелскиот голман Давид Гошен остана несовладана. Следуваше непишаното правило, па казната за пропуштените шанси на црвено-жолтите Израелците ја егзекутираа со головите на Томер Хамед (25-минута) и Тал Бен Чаим (43).

Во вториот дел селекторот Игор Ангеловски со трите измени го засили средниот ред и нападот, со што опсадата на голот на Израел траеше континуирано. Конечно. Таквата игра резултира со голот на Илија Несторовски во 63-минута.

Се обидуваа постојано „рисовите„ да стигнат и до втор гол и ирзрамнување, а таквата шанса им се укажа во последната четврта минута од судиското надополнение (90+4), кога Елтиан Тиби го собори Несторовски во шеснаесетникот на Израел, а судијата Андре Маринер досуди пенал, притоа покажувајќи црвен картон на израелскиот дефанзивец.

Одговорноста, да се изведе најстрогата казна ја презеде Адис Јаховиќ, но неговиот удар го одбрани голманот Гошен.

За избраниците на селекторот Игор Ангеловски нема одмор, бидејќи веќе во недела ги очекува нов натпревар и тоа против некогашниот светски шампион Италија која во Скопје ќе допатува во најсилен состав.

Дуелот Македонија – Италија кој ќе се игра на „Филип Втори“ арената ќе започне во терминот од 20 часот и 45 минути.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Спорт

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.