Поврзи се со нас

Популарно.мк

ТУРИСТИЧКИ БУМ ВО ЧЕРНОБИЛ: Ноќ мината во „Градот на духови“ чини 300 евра

Магазин

ТУРИСТИЧКИ БУМ ВО ЧЕРНОБИЛ: Ноќ мината во „Градот на духови“ чини 300 евра

Зоната на самракот од пред 30 години денеска претставува туристичка атракција. 

Во април 1986 година експлодира реактор четири во чернобилската нуклеарна електрана, испуштајќи големи количества радиоактивни хемикалии во воздухот, кои загадија милиони квадратни километри.

Околу 50.000 жители од блискиот град Припјат, кои советските власти го изградиле за работниците во електраната, мораше да се исели во рок од два дена.

На местото на експлозијата загинаа 30 лица, а уште неколку илјади од последица на зрачењето.

Припјат денеска е безбеден град, но Градот на духовите го посетуваат само туристите. Во областа, меѓутоа, не е можно да се влезе туку така, па за претстој Ви е потребна дозвола од владата.

Во Киев веќе неколку години „цутат“ туристичките аранжмани во кои се нудат еднодневни посети на Чернобил и Припјат, а по желба таму може и да се преноќи.

Цените се „лути“, па најевтината тура од Киев чини околу 67 евра, а поскапите и за повеќе од 306 евра.

Поскапи се секако, соло турите и оние на англиски, а попуст се добива на групни, како и тури на руски.

Истотака, не мора да се грижите дали ќе си змаинете озрачени, бидејќи на крајот од секоја посета се спроведува скрининг.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.