Следи нѐ
To Top

ГРАДОВИ КАКО ОД БАЈКА: Погледнете ја убавината што ја крие Германија (ФОТО)

Германија, ширум целата земја, има многу стари и историски важни градови. Многу од нив изгледаат волшебно, исто како на разгледниците.

Градот што се наоѓа во германската сојузна држава Хесен, а во него живеат околу десетина илјади жители. Поради посебниот стил на градба на зградите тој е под заштита на УНЕСКО, а ова е и многу популарен вински регион каде виното се произведува веќе илјада години. Иако луѓето не ги истакнуваат, според наше скромно мислење, германските вина се едни од најубавите во светот.

Ротенбург, Баварија

Средновековен град, што постои уште од Х век, и се наоѓа на Романтичната патека што води низ живописниот пат низ Баварија. Ротенбург има многу историски згради достојни за восхит,  а туристите секогаш застануваат кај средновековниот одбрамбен ѕид, музеј на криминалот, но и музејот на кукли и играчки.

01-our-favorite-stop-on-the-drive-north-was-the-medieval-city-of-rothenburg1

Лубек, Шлесвиг-Холсајин

Заштитен од УНЕСКО, овој историски островски град е едно од најубавите места во земјата. Се наоѓа на реката Траве, а најпознат е по готската архитектура со оглед на тоа дека дека поголемиот број се изградени во 14 и 16 век. Во чудната архитектура, посетители уживаат и во различни музеи, кои раскажуваат приказна од ова фасцинантно место.

lubeck-cityhall-panorama4

Мајсен, Саксонија

Сместен на реката Елба, Мајсен е мал историски град што доминира со комплекс замоци од 15 век. Градот е познат и по порцеланотшто е ценет од колекцинерите од целиот свет.

Главна атракција е споменатиот замок на патеката на германските Алпи. Првиот замок е изграден уште во 13, а Лихтенштајн во 19 век.

stadtverwaltung_meissen_web__anne_dziallas1

Линдау, Баварска

Изграден на остров на езерото Констанс, Линдау првпат се споменува уште во деветиот век. Тој се наоѓа во близина на швајцарската и австриската граница, а популарна е туристичка дестинација поради нејзината природна околина. Особено е вреден историскиот центар, со кој доминираат многу средновековни улици и згради.

lindau051

Хајделберг, Баден-Вуртенбург

Многу популарна туристичка дестинација, овој град изгледа волшебно, токму како и на разгледниците. Средновековните и барокните згради, вклучувајќи и урнатините на ренесансниот замок, го прават градот многу посебен. Исто така, овде е сместен и најстариот универзитет во Германија, така што градот е преполн со настани и брзини што се необични за вака мал град.

Heidelberg im Winter

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

error: Содржината е заштитена со авторски права.