Следи нѐ
To Top

ЗА СИТЕ ИДНИ НЕВЕСТИ: Ексклузивни венчаници и накит на првиот „Bridal Night“ во Мериот

Ексклузивни дизајнерски венчаници, накит, свадбени детали и совети за конципирање на идеалната свадбена свеченост ќе бидат преставени на првиот Bridal Night во Скопје Мериот.

Настанот ќе се одржи на 12 октомври, со почеток во 20.00 часот во Скопје Мериот Хотел, а сите заинтересирани, идни невести и младоженци можат да се пријават за присуство на електронската адреса [email protected] или да се регистрираат на Facebook фан страницата на следниот линк.

Специјално подготвените колекции на венчаници, што ќе бидат претставени, се од модните дизајнери Мила Кадриу и Теута Матоши, а ексклузивниот накит од Сигма. Покрај тоа, настанот за идните невести и младоженци е единствена можност да ја погледнат салата за организирање свадби, просторијата за организирање прием и да се запознаат со сите детали што може да ги понуди хотелот.

marriott-bridal-night_pokana

На овој начин сите идни невести и младоженци ќе можат да се уверат во уникатноста на Скопје Мериот, екслузивноста на ентериерот, како и бројните опции што ги нуди хотелот за организирање свадба од соништата.

Marriott Bridal Night е единствен и уникатен настан, што првпат се организира во Скопје како резултат на соработката со Fashion Weekend Skopje и ќе биде есенското издание на Bridal Fashion Night.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.