Следи нѐ
To Top

Променливо облачно и студено, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има попладне и во вечерните часови кога на места ќе бидат пообилни, особено во северозападните и источните делови. Локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. 

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне и во вечерните часови со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Во сабота ќе преовладува променливо облачно време, со сончеви периоди кои ќе бидат позастапени во источните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе биде без промена.

Во недела ќе биде претежно сончево со пониска утринска температура, од еден до осум, а повисока дневна од 16 до 23 степени.

Првите два дена од наредната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд, но со послаб интензитет

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.