Следи нѐ
To Top

„Bike Computer“ прва македонска GPS апликација за велосипедисти

Македонската софтверска компанија „Веником“ разви прва прва македонска мобилна GPS bike апликација „Bike Computer“, наменета за сите професионални и рекреативни велосипедисти.

„Bike Computer“ е достапна за „Android“ и „iPhone“ и нуди зголемена сигурност и низа бесплатни функционалности кои се сметаат како премиум во останатите мобилни апликации, меѓу кои поврзувања со heart-rate монитор, сензори за брзина и ритам, како и сензор за моќност.

Опцијата „Keep me safe“ е дизајнирана да им понуди поголема сигурност на велосипедистите на долги рути и може да детектира пад на велосипедист и да ги информира неговите избрани контакти, испраќајки им ја моменталната локација на корисникот и SMS порака за инцидентот.

Во тестирањето и креирањето на самата апликација тимот на „Веником“ соработува и со десеткратниот шампион на Македонија во велосипедизам и вицешампион на Балканот Јоже Јованов.

– Со екипата од „Веником“ имаме чести средби и разговори како моето лично 10 годишно велосипедско искуство да го споделам и да помогнам да се направи најдобриот „Bike Computer“, вели Јованов.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Мобилни

error: Содржината е заштитена со авторски права.