Следи нѐ
To Top

Македонските пливачи со медали на „Старт 2016“ во Крањ и „Лесковачки победник“, Лесковац

На меѓународниот пливачки натпревар „Старт 2016“ што се одржа во Крањ, Словенија македонските пливачи успеаа да се вратат со три златни и две сребрени медали.

Љупчо Ангеловски освои прво место во дисциплината 100 метри делфин и прво место во дисциплината 50 метри делфин.

Виктор Смилевски трето место во дисциплината 100 метри слободно. Мартин Тодоровски трето место во дисциплината 100 метри слободно. Давор Петровски прво место во дисциплината 400 метри мешано.

На меѓународниот пливачки натпревар „Лесковачки победник“ што се одржа во Лесковац, Србија освоија вкупно 11 златни и тоа три сребрени и осум бронзени медали и тоа:

Јанковски Јован освои прво место во дисциплината 50 метри слободно, 100 метри делфин и трето место во дисциплината 50 метри делфин. Серафимовски Коста Илија освои прво место во дисциплината 50 метри градно и трето место во дисциплината 100 метри градно. Стефановски Мартин второ место во дисциплината 50 метри слободно. Илиевски Леонел второ место во дисциплината 50 метри делфин. Милковска Јана прво место 50 метри слободно, прво место 100 метри слободно, прво место 100 метри делфин, прво место 50 метри делфин. Китановиќ Ива прво место во дисциплината 100 метри слободно, прво место 100 метри градно. Ивановска Сара прво место 50 метри градно, второ место 100 метри градно. Јордановска Неда прво место 100 метри делфин, трето место 50 метри градно. Пановска Сара второ место 50 метри грбно. Блажевска Еминова Миа трето место 50 метри слободно, трето место 100 метри слободно, трето место 50 метри грбно, трето место 50 метри делфин. Каралиева Ања трето место 50 метри делфин.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

error: Содржината е заштитена со авторски права.