Поврзи се со нас

Популарно.мк

Џенифер Лопез снима албум со нејзинот поранешен сопруг

Сцена

Џенифер Лопез снима албум со нејзинот поранешен сопруг

Изгледа дека Џенифер Лопез е една од ретките жени од јавната сцена која успеала по разводот да остане во добри односи со нејзинот сопруг Марк Ентони. 

Имено, поранешните сопружници, кои ги имаат осумгодишните близнаци Макс и Ема, решиле повторно да се состанат и да изработат заеднички проект.

Тие следната година ќе издадат албум на шпански јазик, кој ќе биде најавен во ноември со нова песна.

– Многу сум возбудена поради соработката. Се радувам што заедно со Марк ќе го прославиме нашето латинско потекло, наведе Лопез во соопштението по повод новиот проект.

Инаку, Џеј Ло и Марк Ентони се венчаа во 2004 година, а по десет години брак и неколкугодишна криза, се разведоа во 2014 година, по што двајцата влегоа во нови врски.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.