Следи нѐ
To Top

Зошто ролетните на авионските прозорци мора да бидат кренати при полетување и слетување?

Дали некогаш сте се запрашале зошто стјуардесите во авионите при полетувањето и слетувањето ги замолуваат патниците да ги кренат ролетните на авионските прозорци.

Причина за тоа не е убавиот поглед, туку безбедноста. Имено, во случај на несреќа, авионскиот екипаж има само 90 секунди да ги евакуира патниците. Со кренати ролетни во случај на несреќа тие полесно можат да ја проценат состојбата надвор од авионот, а воедно и од надвор може да се види што се случува во леталото.

– Кај тешките несреќи секоја секунда е важна. Затоа е многу важно екипажот да може да ја види состојбата надвор од авионот, за полесно да може да ја планира евакуацијата, која врата да се користи и слично, вели експертот за авиобезбедност Саран Удајакумар.

– Патниците се љубопитни, следат се околу себе, а нам секогаш добро ни доаѓаат и по уште некој пар очи. Тие веднаш често ги пријавуваат неправилностите кои ќе ги увидат, додава тој.

Со него се согласува и пилотот Кер Лоси, кој вели дека се случувало патници да пријатват техничка неправилност кои ја увиделе од прозорот.

Дејвид Робинсон, исто така експерт за авионска безбедност, објаснува дека кренатите ролетни се важни и поради видливоста и количеството на светлата во авионот во случај на евакуација.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.