Следи нѐ
To Top

Ким Кардашијан тужи интернет весник кој тврди дека го измислила грабежот

Американската ѕвезда на реалити телевизиските шоуа, Ким Кардашијан поднесе тужба против еден американски интернет весник, затоа што објаву дека е „лажна жртва“ на грабеж во Париз.

Не е познато колкав износ пари бараат Кардашијан и нејзините адвокати како надомест за „претрпената штета на нејзиното име и углед“ со написите во интернет весикот, во кои таа е прикажана како „лажливка и крадец“.

Минатата недела светските медиуми објавија дека Кардашијан била ограбена во еден стан во Париз од засега непознати крадци, кои со вперен пиштол и го одзеле целиот накит вреден 10 милиони долари.

Весникот „Медиа Теикаут“ одби да и се извени на Кардашијан, како и да го објави нејзиниот демант, тврдат нејзините адвокати, но нема никакво објаснување за целиот случај ниту од интеренет изданието , а ниту од неговиот сопственик и издавач.

Ким Кардашијан (35) стана позната ширум светот по нејзината серија-реалити шоу програми „Кипинг ап вид Кардашијанс“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.