//
Следи нѐ
To Top

ИСТРАЖУВАЊЕТО ПОТВРДУВА: Жените повеќе лажат од мажите

Едно истражување спроведено во Велика Британија покажа дека мажите се поискрени од жените.

Во истражувањето биле повеќе од 2.100 полнолетни лица, кои биле тестирани на темите поврзани се работата, здравјето и љубовта, објави „Мирор Онлајн“.

реклама

Според резултатите од студијата, жените почесто велат дека се настинати за да не одат на работа, ја прекршуваат диетата или смислуваат изговори за да не одат на состанок. Исто така, се покажало дека жените често ја „ублажуваат вистината“ за да не повредат нечии чувства.

Од жените 39 отсто глумат болест за да не одат на работа, додека истото тоа го прават 37 приценти од мажите.

Кога се во прашање диетите, една од три жени, односно 33 отсто од нив се служат со лаги во текот на режимот на исхраната, додека диетите ги прекршиле само 23 проценти од мажите.

Дури 37 отсто од жените и 27 проценти од мажите лажеле за да не отидат на состанок.

Истражувањето на крајот сугерира дека искреноста не е секогаш најдобра опција, затоа што 60 отсто од жените ја ублажуват вистината и рекле дека им се допаѓа подарокот што го добиле, иако тоа не било вистина. Истата работа ја направиле 43 отсто од мажите.

Иако примерокот можеби не е премногу голем за да се заклучи дека мажите генерално помалку лажат, овие бројки сепак откриваат некои работи и се добар показател на тенденциите кај различни полови.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаоктомври 13, 2016
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаоктомври 13, 2016
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаоктомври 13, 2016
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: