Следи нѐ
To Top

„Несвети, а свети“ собра свештеници, државници, професори, но и моторџии на едно место (ФОТО)

Свештеници, државници, ректори и директори, професори и студенти, уметници, моторџии… Несвети, а свети собрани во една душа преку харизматичниот говор на отец Тихон, во холот на НУБ која доби аура на православен храм. Дури и земјотресот никого не го потресе ниту помести од место!

Рускиот епископ Тихон Шевкунов, викарен епископ на рускиот Патријарх и достоинственик кој неофицијално се смета за духовник на рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Македонија на 4 октомври, а на скопскиот аеродром беше пречекан од Ленин Јовановски, претседател на македонскиот клуб на моторџии „Ноќни волци“ кој пред 5 години се најде на моторџиски фестивал во Русија заедно со Путин.

tihon5

Меѓу првите места кои ги посетил бил Лешочкиот манастир, каде се поклонил и пред рускиот крст што неодамна во присуство на отец Методиј од Руската православна црква беше поставен во чест на руските монаси во Македонија.

 

Главната причина за посетата на отец Тихон беше промоцијата на неговата книга „Несвети, а свети”, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

„Несвети, а свети“, беше издадена во Русија во 2011 година и стана вистински бестселер кој беше продаден во милион примероци. Ова дело е збирка на вистински приказни од животот на монасите и многу познати луѓе.

На промоцијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, архиепископот г.г.Стефан, амбасадорот Олег Шчербак и др.

133371322

– „Разбирам дека треба да се направат напори ова богатство на кое вие сте наследници, да им биде извесно на сите православни цркви: на православните цркви и словенскиот народ и на сите народи, на целиот православен свет. Македонската прaвославна црква има што да им даде на луѓето, ќе им даде многу богатство, особена душа и особена љубов. Среќа е да те разберат. Уште поголема среќа е да го разбереш Господ. Јас имам среќа да ги запознам многуте нијанси на една прекрасна земја, Македонија! „НЕСВЕТИ А СВЕТИ” не е книга туку сведоштво при чиста свест пред Бога и пред луѓето – свети и несвети“, изјави отец Тихон.

Инаку, иако со карактер на приватна, сепак ова е прва посета на некој висок достоинственик на Руската православна црква која се случува во периодот во кој се очекува обновувањето на меѓуцрковните преговори меѓу Македонската и Српската православна црква, а во кои Московската Патријаршија треба да биде посредник.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.