Следи нѐ
To Top

И Хрватска ја забранува нивната музика во Македонија

И Хрватска покај Србија, Црна Гора и Словенија, забрани да се користи нивната музика во земјава. На седница на Управниот одбор на организацијата ХДС- ЗАМП е одлучено да се забрани користење на нивниот музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Република Македонија.

Забраната, како што стои во известувањето, стапува на сила од 17 октомври.

– „Актуелната тарифа која е во сила во Македонија е веќе пониска од тарифите во земјите од регион, како и во Европа и пошироко, а предлог Тарифата на новото Здружение (СОКОМ МАП) ја отвора можноста авторските дела уште повеќе да бидат девалвирани доколку истата биде прифатена од страна на надлежните органи“, напиша покрај другото во писмото ХДС-ЗАМП.

ЗАМП забрани јавно емитување на музика од автори, кои се нивни членови и таа забрана стартуваше на 19 септември.

На барање на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, од 1 октомври се забранува јавно емитување на музика од репертоарот на СОКОЈ на сите радио и телевизиски станици на територија на Македонија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.