Следи нѐ
To Top

Минусни температури утринава во Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од  минус два  до седум степени, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до два, а дневната до 21 степен.

Во сабота ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Од недела под влијание на влажен воздушен бран ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и пад на дневните температури од понеделник. Повеќе врнежи се очекуваат во недела кон понеделник, кога на места ќе бидат проследени со грмежи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.