Следи нѐ
To Top

Наредната недела почнува Меѓународниот саем Технома 2016

Наредната недела, од 18. до 22. октомври, ќе се одвива Меѓународниот саем ТЕХНОМА 2016 кој веќе 42 години претставува успешен деловен настан специјализиран за прeтстaвницитe нa гoлeмитe, средните и малите дoмaшни и стрaнски прoизвoдитeли вo oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлeктрoтeхникaтa, енергетиката, нeмeтaлитe, грaдeжништвoтo, обезбедување и заштита.

Настанот го поддржуваат и 12 организации од Македонија кои делуваат во сферата на стартапи, иновации, претприемништво: Сеавус Инкубатор, Регионален центар за социјални иновации, Хаб Скопје, Фондација за претпиемачки сервис за млади, South Central Ventures фондот, Технолоџи Парк Тетово, Здружение на алумнисти на програмата СВТ, Македонија 2025, Асоцијација на стартап заедницата на Македонија Стартап Македонија, Funky Coworking Friday, Founder Institute Macedonia, СТАРТАП ЗОНА и Емкице Македонија.

За време на ТЕХНОМА ќе се одржат и 17. Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство и 37. Меѓународна изложба на иновации, МАКИНОВА.

Истовремено, ќе се одржи и 4. Меѓународен саем за транспорт и логистика што претставува специјализирана саемска манифестација на која ќе се претстават повеќе домашни и странски транспортни компании, пристаништа, транспортни асоцијации, логистички центри, терминали и царински складишта, а Партнер на манифестацијата е СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ.

Се очекува и оваа саемска манифестација во петте саемски денови да привлече голем број посетители, посебно што во истиот период ќе се одржи со меѓународниот саем ТЕХНОМА. Овој тип на организација редовно привлекува и компатибилна деловна посета од околу 25.000 посетители, вклучувајќи носители на деловни одлуки, експерти и инвеститори од земјата и регионот, чија заедничка сфера на интерес се техниката и технологијата со предизвиците на новото време со цел склучување зделки со потенцијални партнери од двата саемски настани.

Свеченото отворање на ТЕХНОМА е на 18.10.2016 (вторник) во 11.00 часот во Метрополис Арена. Работното време на саемот е од 10.00-19.00 часот, цената на редовната влезница изнесува 90 денари, а за организирани групни посети влезницата чини 40 денари.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.