Следи нѐ
To Top

Оддадена последна почит на Љупка Димировска (ФОТО)

Во Загреб се одржа комеморација по повод смртта на пејачката Љупка Димитровска-Калоѓера, на која присуствуваа многумина нејзини роднини и пријатели.

Меѓу оние кои дојдоа за последен пат да се простат од „вечната девојка од хрватската естрада“, како што во Загреб ја именуваа славната поп пејачка со македонско потекло, беше и оперскиот пејач Роналд Браус.

133387229

Проштален говор на комеморација одржа нејзиниот колега Миро Унгар.

Љупка Димитровска е родена на 25 јули 1946 во Скопје, но речиси целиот свој живот и кариера ги мина во Загреб, каде што и почина минатата седмица.

Беше во брак со хрватскиот композитор и диригент Никица Калоѓера, кој почина во 2006. Таа има издадено вкупно 11 албуми и повеќе од 20 синглови. Меѓу нејзините најголеми хитови се „Адио“, „Та твоја барка мала“, како и баладата „Ѕвонат ѕвонат“ изведена на штипски „Макфест“ во 1990 година.

Љупка Димитровска почина на 3 октомври оваа година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.