Следи нѐ
To Top

ЛУКСУЗ ИЛИ ПРЕТЕРУВАЊЕ: Екстравагантни услуги во авионите

Секоја авио-компанија се труди на своите патници да им обезбеди удобен и луксузен лет. Некои од нив се потрудија луксузот да се покрене на ниво на екстраваганција, а списанието Бизнис инсајдер пренесува некои од најекстравагантните привилегии кои се достапни на летовите.

Кога беше дизајниран авионот на „Емирејтс А380“, искривениот дел на внатрешноста изгледаше како неупотреблив се додека дизјанерите не се досетија просторот да го претворат во туш-кабина.

Секој патник може да резервира свои 30 минути во спа-кабината, со средства за хигиена од марката „ Булгари“ и кадифени баде мантили.

Во авионот на сингапурската авио-компанија се наоѓа кабина со брачен кревет. Вратата е од дрвена глазура, а седиштата пресвлечени во кожа. Во собата се наоѓаат и два големи екрана и полици за оставање различни предмети. По желба на патникот креветот може да биде посипан со цветчиња, а задолжително се послужува шампањ, додека постелнината, прекривката и пижамата се од брендот „ Живанши“.

Германската авио-компанија „Луфтханза“ своите патници ги служи со најквалитетно вино и тоа она што тешко се наоѓа. Во соработка со !„Маркус дел Монего“, единствен германски светски шампион во производство на вино, компанијата нуди врвни вина за оние со најчувствителни непца. Винската карта, инаку, се менува секој месец.

„Етихад ервејз“ е национална авио-компанија на Обединетите Арапски Емирати. На еден лет постои место што се состои од дневна соба, спална соба и приватна бања.

Претстојот е прилагоден за две лица, со двосед и маса за јадење, на која е поставено стакло „Вера Ванг“ стакло, но и садови „Бернардо“ за за тие со полуксузно искуство. Со ваквата собата оди и батлер кој Ви е на услуга и кој наутро Ви носи доручек во кревет.

Додека останатите компании во првата класа служат шампањско и кавијар авиокомпнаијата „Ер Франс“ соработува со познатиот готвач Данел Булуд и патниците ги служи со несекојдневни оброци. Неговите јадења, сепак, се достапни само во авионите што летаат од американските големи градови. Во авионите што заминуваат од други места се служат јадења од други, исто така, познати готвачи.

Авио-компанијата „Ер Малта“ и на патниците кои не се во првата класа и овозможува да добиваат луксузен третман. Тие можат да добијат масажа на рацете, стопалата и вратот, додека истовремено уживаат во пријатна музика.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.